„Македонија пат“ – Прилеп подготвена за претстојните празници

6625-makedonija-pat-prilep-podgotvena-za-pretstojnite-praznici-960x600-4

„Македонија пат“ – Прилеп е подготвена за Новогодишните и Божикните празници и со полн капацитет нашите екипи ќе дежураат 24 часа на зимските пунктови. Ова денеска го изјави раководителот на „Македонија пат“ – Прилеп, Гоце Стефаноски, потенцирајќи дека сите нивни возила биле исправни и на располагање.

6625-makedonija-pat-prilep-podgotvena-za-pretstojnite-praznici-960x600-3

„Во моментов имаме 4 тешки возила исправни за чистење на снег, 2 полутеретни возила, 2 утоварни возила и нема да има никакви проблеми за одвивање на сообраќајот. Сите што сакаат овие денови да ги поминат во Прилеп можат слободно да дојдат со своите возила затоа што магистралните и регионалните патишта ќе бидат проодни. Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на патната сигнализација и на условите за патот“, Гоце Стефаноски, раководител на „Македонија пат“ – Прилеп.

6625-makedonija-pat-prilep-podgotvena-za-pretstojnite-praznici-960x600-1

Подружницата на „Македонија пат“ – Прилеп денеска ја посети и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој традиционално како и секоја година на децата од вработените во „Македонија пат“ заедно со Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња.

6625-makedonija-pat-prilep-podgotvena-za-pretstojnite-praznici-960x600-6

„Традицонално секоја година доаѓаме тука заедно со Дедо Мраз на децата од вработените во „Македонија пат“ – Прилеп да им донесеме новогодишни пакетчиња. Им посакувам во наредната 2017 година да имаат многу здравје, среќа и успех. Тука сакам да ја потенцирам одличната соработка која ние како локална самоуправа ја имаме со „Македонија пат“ во текот на целата година, а особено во текот на зимата кога тие секогаш се подготвени и ги обезбедуваат сите патишта во општина Прилеп“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

6625-makedonija-pat-prilep-podgotvena-za-pretstojnite-praznici-960x600-8




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.