Македонија нема абер, а во Бугарија започнува проверка на приватизацијата

Соседна Бугарија најави чистка и одговорност за начинот на кој државата ги ставила јавните добра во приватни раце.

Главниот обвинител на Република Бугарија, Иван Гешев, побара од Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) да направи целосна проверка на процесот на приватизација и на контролата на овој процес од одговорните министерства, агенции и други државни органи, сооопшти Обвинителството.

Проверката треба да ги опфати сите договори за приватизација, како биле исплаќани, независно од видот на платежните средства, како и сите преземени активности за спроведување на постприватизацискиот надзор.

ДАНС треба да утврди дали се собрани предвидените средства според приватизациските договори, камати, отштети и банкарски гаранции, во случај на нивно делумно или целосно неисполнување.

Во врска со ова треба да се утврди дали се извршени активностите за раскинување на приватизациските договори, во случај на нивно неисполнување.

Државната безбедност треба да утврди како била водена целата документација за актуелната постприватизациска контрола, дали биле извршени проверки за реализацијата на приватизациските договори и дали навремено била впишана таа информација во јавните регистри.

Во опфатот на проверката треба да се изврши и анализа на ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија и какви дејствија биле преземени за исполнувањето на дадените наоди и препораки.

Извор: “Курир.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.