Македонија на врвот од црната статистика

На црната статистика која мери индекс на cmpтност на 100.000 жители од коронавирус, Македонија е на лидерската позиција. Овој поразителен факт за нашата држава е алармантен.

Македонија од сите држави во регионот има најголема стапка на cmpтност.

Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, статистиката ја објави на својот Фејсбук профил.

Пресметано на 100.000 жители, стапката на cmpтност во Македонија е 5,09. По нас доаѓа Босна со 4,03 и Србија со 3,35 .

Останатите земји во регионот можат да се пофалат со далеку поуспешна борба против кopoнавиpycoт, а за тоа говори и статистиката каде стапката е далеку помала од кај нас.

Како што можете да забележите, Македонија е со најлоша статистика и има најголем број на жртви од кopoнавиpycoт, сметано на 100.000 жители.

Зошто оваа статистика е поразителна? Затоа што истата е доказ дека нашата земја не се избори доволно добро со кopoнавиpycoт. Изгубивме многу жртви, а бројот на новозаразени и починати секој ден расте. Нашата Влада сега, наместо да зборува за оваа аларманта статистика, говори за кopoна-избори.

За избори зборува и Хрватска, па владата на Заев ги користи како изговор. Но, во што е разликата? Хрватите одлично се справија со кopoна кризата. Толкава земја, со толкав број на жители, на дневна основа има по две новозapaени лица.

Хрватските медиуми пишуваат дека бројот на новозаразени драстично опаѓа. Дали Хрватска ќе одеше на избори ако ја имаа македонската статистика? СИГУРНО НЕ.

Словенија, за споредба, во минатите 24 часа тестирала 981 лице, а од нив позитивен бил само еден граѓанин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.