Светски познатиот велосипедист Анди Шустер, за потребите на велосипедската компанија „Фуџи“ направи промотивно видео кое го сними во Македонија кое ќе ве остави без зборови
Како што вели Шустер, кога прв пат дошол на таква идеја, да сними видео во Македонија луѓето го прашувале „Дали си го изгубил умот?!“, велејќи му „Што ќе правиш во таква земја? Премногу е опасно и нема што да се види“.
Анди бил упорен во намерата, па заедно со „Фуџи“ го направиле едно од најубавите видеа за Македонија, односно видео кое досега ниту една продукција од Македонија не успеа да го направи. Во своите записи за Македонија тој ќе напише:
Наоѓањето на забавни велосипедски патеки не е никаков предизвик. Фактот што 80% од Македонија е планинска, се гледа со секој фрлен поглед. Меѓу другото, не е невообичаено не е невообичаено додека се искачувате на врвовите да бидете опколени со звуците на минарето, со кое се запознавате со културата на верското малцинство, Муслиманите.
Македонија не остави без зборови, дотолку повеќе што дури и полицијата не поздравуваше додека се качував по ѕидиштата во градот. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Мкаедонија за нивното искрено гостопримство и другарство со кое не почестија за време на нашето патување.
Фала (Тhank you) Македонија!
И така, еден велосипедист и еден кинематограф, за потребите на велосипедска компанија направија подобро промотивно видео за државата, отколку било која домашна продукција: