Македонија има нов дијамант: Со 17 години постигна 18 поени против моќната Шпанија

Македонија синоќа ја пречека моќната Шпанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство во кошарка.

Нашите момци загубија со високи 65-94. Висок пораз, но не и неочекуван. Нашите момци одиграа едно солидно прво полувреме после кое разликата беше достижни 11 разлика за Шпанците.

Но, Шпанија ја покажа целата своја моќ во третата четвртина, која ја добија со 17:29, па веќе немавме шанси за некакво изненадување.

Сепак во овој висок пораз има и нешто позитивно, а за тоа се погрижи фантастичниот Тео Симиќ, 17-годишниот играч на Барселона кој постигна 18 поени.

Младиот македонски кошаркар имаше скор 6 од 8 и 3 од 4 за три поени.

Симиќ иако е се уште многу млад полека, но сигурно се наметнува како нов лидер на македонската кошаркарска репрезентација и докажува дека ќе прерасне во голем играч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.