Фото/printscreen
12-годишниот Марко Пејчиноски утрово во 09:30 часот од Св. Наум, се впушти да го оствари својот подвиг и да го преплива Охридското Езеро – пишува порталот “Оhridnews”. од каде ја следеа целодневната авантура на Марко.
Иако езерото било разбранувано, Марко околу 18:30 часот се очекува да пристигне на охридското пристаниште.
Малиот херој направи нешто што не би успеале голем број професионални пливачи.
Како што вели Марко за “Оhridnews” секојдневно тренирал и пливал по 5 километри, а денеска ниту неповолните води во езерото не го поколебаа во својата намера да го оствари својот сон.
Неговата битка трае цели 8 ипол часови, а моментално ја плива последната етапа од хотелот Горица до градското пристаниште.
Целата сторија погледнете ја ТУКА
ВИДЕО: “Оhridnews.com”