Лошиот почеток на фудбалската репрезентација на Македонија на вечерашниот меч со Бугарија се чини беше пресуден за поразот од 0:1 од Бугарија во Скопје.
Уште во 15-тата минута младиот македонски одбранбен фудбалер од Прилеп, Тодор Тодороски, направи опасен старт по што доби директен црвен картон.
Тодороски тргна во високо крената копачка кон коленото на противничкиот играч, по што имаше и контакт. Судијата без многу размислување му го покажа патот кон соблекувалната.
Македонија ослабена не успеа да ја затресе противничката мрежа, а Бугарите при една контра во второто полувреме стигна и до погодок.
Нашата репрезентација Лигата на нации ја завршува на третото место на табелата, а Бугарите завршија пред нас на второто место.
Прилепчани му замеруваат на селектрот Милевски за тоа што не го повика Илија Несторовски во редовите на репрезентацијата, кој со неговиот Удинезе моментално е на врвот од Сериа А.