Многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка, ќе предизвика покачување на температурите во наредните денови предвидува метеорологот Славчо Попоски.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.
Позначителен пад на температурите ќе има од вторник.