Македонецот кој го донесе Ибрахимовиќ во ЛА Галакси, сега ќе биде директор во Милан

Joван Кировски, Американецот со македонско потекло, ќе биде нов директор за развој на спортот во италијанскиот гигант Милан.

Одлуката за ангажирање на Кировски ја сподели Златан Ибрахимовиќ, кој за нашинецот истакна:

„Ни требаше човек кој има исти амбиции и визии со нас, зборува на ист јазик како нас, и има исти идеи“.

Кировски кој во својата кариера како играч настапуваше за: Борусија Дортмунд, Келн, Спортинг Лисабон, Бирмингем, Кристал Палас, и во клубовите од МЛС: Лос Анџелес Галакси, Сан Хозе и Колорадо, имаше и 62 настапи во дресот на репрезентацијата на САД, каде постигна 9 погодоци.

Кировски е син на македонски имигранти кои се по потекло од селото Сиричино во општина Јегуновце.

Кариерата ја заврши во ЛА Галакси, каде остана да работи и стана технички директор. Тој беше еден од главните виновници за трансферот на Златан Ибрахимовиќ во САД, токму во редовите на ЛА Галакси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.