Македонец уценувал Хрватка по раскинувањето – Домашното видео го ставил и на „Јутјуб“

pedofilija-640x320

Македонец ја уценувал неговата поранешна девојка со која се запознал преку интернет, пренесуваат денес хрватските медиуми.

Се работи за девојка од гратчето Слуњ, која со момчето од Македонија се запознала во 2010 година. Првиот пат се сретнале во Црна Гора, каде ја започнале врската која пет години ја одржувале главно на далечина, со повремени посети. Тој на неколку месеци заминувал во Хрватска, а таа доаѓала во Македонија. Минатата година таа се одлучила да ја прекине врската поради несогласувања на карактерите, пишува хравтскиот „Ка портал“

Тоа му го соопштила додека лично, додека тој бил во посета, па веќе следниот ден се вратил дома. Оттогаш ја почнал неговата одмазда. Почнал да и праќа навредливи пораки преку смс и преку „Фејсбук“.

– Ќе ме запамтиш, ќе ти се одмаздам, ќе ти го уништам угледот, ќе ти ја скршам главата од асфалт и дури тогаш ќе сум мирен – и се заканувал тој.

Иако го игнорирала, тој почнал и да им се јавува на членовите на нејзиното семејсто и да им зборува како таа се дружи со лошо друштво, дека се проституира по Карловац и дека е во финансиски хаос. Продолжил да ја уценува тврдејќи дека поради неа е во минус 750 евра, поради последната посета во Хрватска и дека ако не му плати ќе му ги испрати на нејзиниот работодавец нејзините приватни фотографии и видеа, што на крај и го направил. Нејзините видеа ги објавил и на „Јутјуб“

Таа го блокирала нејзиниот профил на „Фејсбук“, но тој отварал нови и одтаму ја малтретирал. Конечно таа го затворила својот налог, но ништо не помогнало.

Кога конечно се јавила во полиција, била спроведена истрага. Деновиве е донесено и обвинение, а општинското државно обвинителство бара да му се пресудат десет месеци условна казна затвор.

Во негова одбрана, момчето рекло дека одлуката за прекинот многу го вознемирила, па се фрлил кон алкохолот и дека најверојатно во таква состојба ги праќал пораките и дека не се сеќава на други детали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.