Живее од инвалидска пензија, но сепак, кат од куќата во која живее и викендичката во Стење е подготвен да ги отстапи на семејства погодени од земјотресите во Турција и Сирија. Благојчо Ѓоргиев, лице со инвалидитет, го привлече вниманието на македонската јавност откако упати јавен повик дека тој и неговата сопруга се подготвени да обезбедат сместување за фамилии од погодените подрачја. Тој за себе вели: „Човек сум и знам што е мака“ – објави “Мakfax”
-Со сопругата моја одлучувме да ве замолиме да не контактирате доколку познавате луѓе кои настрадале во земјотресите во Турција и Сирија, а случајно или намерно дошле во МАКЕДОНИЈА и им треба сместување, ние можеме привремено за две фамилии барем две години да им обезбедиме кров на глава, толку можеме и од срце и душа го правиме ова!!! Ако сакате споделувајте за да информацијата допре до повеќе луѓе! – напиша во фејсбук објава Благојче Ѓоргиев.