Македонец остана без своeто БМВ откако заборавил да крене рачна

Возило БМВ, пропаднало во водите на браната Калиманци пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.

bmw-tone

Според очевидци на настанот, возачот отишол да им однесе храна на рибарите кои вчера ловеле риби во делот кај село Тодоровци, но најверојатно не го „закочил“ добро автомобилот. Останатото е лесно за реконструкција: возилото тргнало само и завршило во езерото.

Сопственик на БМВ-то е жител на Каменица кој веднаш ангажирал чамец од риболовното друштво, но потрагата по автомобилот завршила без успех. Претпоставка е дека автомобилот, потонал на дното, зашто во моментот на падот прозорците биле отворени што овозможило, истото брзо се наполнило со вода и потонало.

Потрагата по автомобилот ќе оди тешко, зашто според рибарите во делот кај што потонал автомобилот, езерото е со длабочина од околу 10 метри, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.