Делува како обично видео на мајстор кој танцува за време на работата, кое очекувано ќе послужи за сеир во кругот на пријателите и семејството.
Но, наместо тоа, видеото на Тони Рестиво станува вирално и достига милиони кликови на социјалните мрежи, па дури и го привлекува вниманието на ѕвездите во Холивуд.
„Момците со кои работам беа тивки тој ден, не беа добро расположени и едноставно почнав да танцувам на музиката која свиреше, како што правам секогаш. Тоа е нормално, танцувам на работа за да се насмееме, бидејќи работата ни е доволно тешка.“
„Првите 15-20 секунди не знаев дека некој ме снима. Потоа, го уловив Антони со телефонот во рака, па решив да се посмееме. Не очекував да стигнам до тука. Мислев дека ќе го видат само блиските пријатели и семејството. Ѝ кажав на Сенди (сопругата) да не го објавува никаде.“
„Најчестиот коментар кој го добив после видеото беше – ми го разубави денот, ти благодарам за смеењето.“
Видеото на нашиот мајстор кој работи и живее во Торонто веќе подолго време, беше споделено и на Инстаграмот на Аријана Гранде бидејќи танцува на нејзината песна Into You, како и на страната на Елен Деџенерис.