Вчера во 19 часот на патот Прилеп-Битола полициски службеници забележале патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници.
Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола, при што било констатирано дека го управувал 30-гдишниот Б.Ј. од Прилеп. Тој бил приведен во Полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници биле пренесени во Општа болница Прилеп.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Од страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.