На планинскиот дел над село Боиште, Демирхисарско, вчера околу 16 часот, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21).
Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош е пренесен во КБ-Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.