ООУ “Климет Охридски” Прилеп организираше прекрасен новогодишен базар во просториите на училиштето, и тоа не било каков базар, туку настан кој зрачеше со посебна енергија и убавина. Училиштето блеска од стотици светилки, украсена е секоја просторија, секој ходник, секое ќоше…. Една магична празнична атмосфера во која уживаа сите, колективот, родителите, учениците…
-Со гордост можеме да кажеме дека ова не е само базар, туку и израз на нашата колективна енергија и дух. Погледнете ги сите овие прекрасни производи и идеи, кои се резултат на трудот и талентот на секој од вас. Во оваа година, секој чекор што го направивте, секоја изговорена добра реченица, секој момент на тимска работа ни донесе до оваа точка. Вашата упорност, креативност и желба за успех ќе бидат водич за сите нас и во новата година. Како и песната..училиштето и учењето можат да бидат бајка…нели? – напиша на социјалните мрежи директорот на училиштето, Ахил Јаков.