Познатиот холивудски актер и ѕвезда на „Пријатели“, Метју Пери (50) ги шокираше сите со својот изглед откако излезе од кapaнтин, во кој беше два месеци за време на пандемиjaта од кopoнавиpycот.
Актерот беше фотографиран пред неговиот дом во калифорнискиот град Малибу минатиот викенд, додека тој изгледаше тотално непрепознатливо, а фановите велат дека тој изгледа „како некој дедо“.
Метју, кој се прослави со улогата на Чендлер Бинг, замина со автомобил во локалната аптека и ја покажа дополнителната тежина што ја „стекна“ во изолација, а особено се здебелил во лицето, градите и стомакот.
Изгледа многу уморен, а показалецот од десната рака му е целосно жолт од цигарите, што ги шокираше сите фанови кои ја видоа оваа фотографија и кои се загрижени за неговото здравје.