Ова е земја со потенцијал во која секој може да се пронајде себеси и да заработи за добар живот.
Неколку децении наназад од Балканот луѓето заминуваат во Германија, Австрија, Швајцарија, сè со цел да работат таму, но и да имаат подобар живот, а во последно време исто така тие се селат и во Шведска.
Во тие земји веќе имаат свои квартови, а неретко на улиците може да се слушне „нашиот јазик“. Сега се отвораат границите и за некои други земји кои нудат пред сè – вработување.
Норвешка е држава со голем потенцијал, во која лесно може да се пронајдете себеси и да заработите за добар живот.
Жена од Хрватска која релативно скоро се преселила во Норвешка секојдневно споделува искуства на својот Инстаграм профил од животот во таа земја.
Најчесто таа снима видеа во кои објаснува каков е животот во Норвешка, што е невообичаено во однос на Балканот и како да се најде работа.
Таа тврди дека на Норвежаните моментално хронично им фалат работници: од медицински лица, до градежни работници, просветни работници…
Таа исто така објаснила дека од оној момент кога ќе добиете ID, вие можете да се пријавите во Заводот за вработување кој таму се нарекува NAV. Тогаш тамошните луѓе ви помагаат да пронајдете работа, а покрај тоа постојат и приватни агенции за вработување.
Исто така може и самостојно да испраќате молби, односно CV за работа во фирми кои ви се допаѓаат.
Накратко, ID е личен матичен норвешки број и со негова помош може да направите многу во државата.
При барањето работа секогаш предност имаат оние кои го знаат норвешкиот јазик, што е логично.
Просечната плата во Осло моментално изнесува околу 3.000 евра и е една од најголемите заработки на ниво на европските престолнини. Но, треба да се има предвид дека таму трошоците за живот се поскапи, особено месечната кирија.
Извор: press24