Министерот за транспорт и врски се пофали на Фејсбук дека во Прилеп и прилепско инвестирале околу 70 милиони евра во патна инфраструктура.
“На мое огромно задоволство, денеска заедно со градоначалникот Јованоски извршивме увид во асфалтирањето на патот во Мариовскиот крај, Лагово-Штавица -Витолиште, значаен патен правец за тој дел.Ова практично беше и барање на жителите од овој крај. Силни градежни работи реализираме во Прилеп и Прилепско, само во патната мрежа во моментов во Прилеп и околината инвестираме преку 70 милиони евра”, напиша Сугарески.
Регионален пат Лагово-Штавица-Витолиште е со должина од 46км, а министерството рехабилитира должина од 9 километри.