-Пациент на месецот, англискиот булдог Луси, на која и беше дијагностицирана cystolithiasis, и од мочниот меур беа извадени повеќе од 50 уролити. После оперативниот зафат Луси е во одлична состојба и многу брзо закрепна. На Луси и на нејзиниот сопственик им посакуваме уште многу години и во добро здравје да уживаат во заедничките моменти – напишаа од најпознатата ветеринарна амбуланта во Прилеп на Фејсбук.
Инаку, Д-р Панче Дамески е прв доктор по ветеринарна медицина од Прилеп и втор доктор по ветеринарна хирургија од Македонија, кој своето звање го стекна на реномираниот универзитет во Загреб.
Луси е само еден од пациентите во неговата ветеринарна амбуланта, а работата со животните и спасувањето на нивните животи, покрај стручноста, бара и огромна љубов и посветеност кон нив. Д-р Дамески може нескромно да се пофали со сето тоа, а доказ за тоа се стотиците задоволни сопственици на миленици и животни кои секојдневно ја посетуваат амбулантата “Дамески Ветерина”.