Лукашенко: “Изборите во Америка се cpaм за демократијата”

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги нарече претседателските избори во САД “cpaм за демоктратијата”.

“Погледнете што се случува со овие избори. Ова е срамот, исмевање на демократијата”, изјави Лукашенко.

Потсетувајќи дека западните земји не ги признаваат претседателските избори во Белорусија како слободни и чесни. Тој смета дека никој нема да реагира на ист начин кога станува збор за изборите во Америка, и покрај тоа што Tpaмп изјавил дека изборите биле нерегуларни.

“Сега можам да кажам: “Нема шанси, тие ќе се плашат”, додаде Лукашенко.

Тој вели дека не верува дека односите меѓу Минск и Вашингтон ќе се променат, без разлика на исходот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.