Лука Јовиќ се сели во италијанскиот гигант !

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ уште во јануари би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Италија, пренесуа “Тутоспорт”.

Како што наведува италијанскиот весник, 21-годишниот напаѓач не се снајде на “Сантијаго Бернабе”, а како најзаинтересиран клуб за неговите услуги се споменува Милан.

Се истакнува дека “росонерите” имаат потреба од голгетер, како и дека италијанскиот великан е подготвен Јовиќ да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп доколку се вклопи во нивните планови.

Повикувајќи се на извори блиски до српскиот репрезентативец, “Тутоспорт” наведува дека Јовиќ е заинтересиран за трансфер и дека сака сигурна минутажа, која Милан може да му ја вети.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.