Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната ќе се искaчи максимум до 15 степени.
Облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува и во сабота, а во недела ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има пораст на дневната температура.