Лоша вест за просветарите: “Изборните ветувањa на СДСМ кон наставниците, учениците и родителите останаа нереализирани”

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на својот Фејсбук профил сподели статус во кои ги набројува изборните ветувања на СДСМ.

-Изборно ветување на СДСМ: “За сите реформи во образованието ќе водиме ЈАВНИ РАСПРАВИ И КОНСУЛТАЦИИ.” (План за живот 2016-СДСМ).
Реализација: Законот за ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ и ЗАКОНОТ за НАСТАВНИЦИ во собрание се носи во следните термини:

1. 18.07.2019г-матична комисија прво читање; 2. 24.07.2019г-пленарна седница; 3. 26.07.2019г-јавна собраниска расправа; 4. 29.07.2019г-матична комисија второ читање; 5. 30.07.2019-пленарна седница со донесени закони.

Резултат: Во треттата година од практицирање власт(СДСМ,ДУИ) во стилот “ЗАКОНИ ЗАРАДИ ЗАКОНИ” конечно се носат важни образовни закони во период на:

1. Летен училишен распуст со празни училишта; 2. Без подршка и со сериозни забелешки на синдикатите,научните институти,стопанските комори; 3. Закони ставени на БРЗАТА СОБРАНИСКА ТРАКА изгласани и дебатирани во само 9 работни дена!

Заклучок: Нереализирани ветувања дадени кон наставниците,учениците,родителите….

ЕВОПСКАТА КОМИСИЈА: На Македонија не им недостасуваат закони им ТРЕБА квалитетна ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА!

П.С. ВЕТЕНО-СТОРЕНО, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.