Локвенец: “Ќе пораснат платите благодарение на успешната економска политика”

“Како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики кои имаат за цел да обезбедат реален економски раст и раст на платите во сите сектори.

Бројни параметри покажуваат дека економијата е активна и се движи во добар правец. Потврда за тоа е податокот дека оваа година имаме последователно два квартали по ред раст на БДП и тоа за над 3 отсто,. Ова ја потврдува успешноста на економските мерки кои даваат реални резултати.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, 400 милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, односно до 6.000 денари.

Со оваа мерка, освен раст на платите ќе се влијае и на сузбивање на сивата економија и давањето плати во плико. Тоа директно ќе влијае на зголемување на приливот на средства во пензискиот фонд.

Трендот на раст на платите, продолжува и натаму. Просечната месечна нето-плата во првото полугодие на 2019 е повисока за 3.5 отсто.

Веќе од септемвриската плата, стапува на сила новото покачување од 5 отсто на платите во јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната, судството.

Покрај повисоки плати, обезбедуваме и поголема поддршка за отворање нови работни места. За таа цел, со ребалансот, обезбедeни се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувања.

Отворањето на нови и подобро платени работни места, ја намалија невработеноста на рекордни ниски 17,8 отсто. Градиме економија што отвора шанса за сите”, изјави пратеникот на СДСМ Хари Локвенец на денешната прес-конференција во македонското Собрание.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.