Локвенец до СДСМ: “Вие сте популисти што го уништија Прилеп – Наместо 20% поевтина, добивме 60% поскапа вода”

“Бевме сведоци како во минатото во предизборните кампањи СДС ветуваше живот за сите, но за жал ваквото нивно ветување досега се покажа како обичен популизам за политички поени. Граѓаните се чувствуваат измамени! Граѓаните со секој изминат дена на своја кожа ги чувствуваат погубните политики, кои освен црнила не донесоа ништо другo”– порача Ирена Стерјовска Локвенец на вчерашната прес конференцијан од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„И наместо СДС да се зафати со вистинско решавање на проблемите на народот, носи експериментални одлуки со кои задираат во одреден проблем, без да го решат истиот.

Во текот на вчерашната седница на Совет на Оштина Прилеп се донесе одлука за ситни политички поени, навидум во корист на луѓето од социјално ранливите категории. Ние, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, понудивме предлог, со искрена намера, за целосно ослободување од сметката за вода на овие граѓани, а не само за 5 метри кубни, сметка која овој месец се очекува да стигне кај сите зголемена за приближно 60%.

Очигледно СДС работеле на некаква математика за добивање гласови за престојните избори, но ваквиот обид е препознаен како уште еден од низата популистички мерки.

На сите им се познати нивните принципи на работа. Со ваквите „мерки“, исто како и ослободувањето од радиодифузна такса, не се решаваат на квалитетен начин проблемите на граѓаните. Народот е мудар и нема да ја направи истата грешка два пати!

Оваа предложена мерка ние ја поддржуваме, но сметаме дека истата се носи со јасна намера, ден пред распишување на претседателските избори и со добра калкулирана позадина. Доколку искрено сакаа да им помогнат на граѓаните на општина Прилеп, ќе го прифатеа нашиот предлог или истава мерка ќе ја донесеа многу одамна!

Затоа граѓаните, сите оние кои на своја кожа ја почувствуваа погубната политика на СДС, ќе одлучат оваа власт да си замине час поскоро. Само така Македонија ќе продолжи да оди напред!“, рекоа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

ВИДЕО: “Infokompas.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.