На 12.12.2023 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. “Гостиварска” во Прилеп, заради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во куќа ги лишиле од слобода Џ.Џ. (23) и тројца малолетници, сите од Прилеп.
По документирање на случајот, против сторителите ќе следува соодветна кривична пријава – информираат од ОВР Прилеп.