Денеска (12.09.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола–ОКП Битола, во битолскиот Градски парк, лишени од слобода се С.А.(23), П.Т.(21) и еден 17-годишник, сите од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.