Лишен од слобода кавадарчанец – возел со над 2 промили алкохол во кpвта

-На 25.08.2025 во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.В.(64) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.