По повод денешниот верски празник “Свети Константин и Елена“, во истоимената црква во Типската населба во Прилеп, се одржа света литургија на која присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. Малата црква беше претесна да ги прими сите верници кои беа дел од утринската богослужба.
„Црквата ја краси бел мермерен иконостас, кој е донација од верниците, но во изградбата на оваа црква посветена на “Свети Константин и Елена“ учествуваше и Општината која и денеска помага во изградба на верските храмови“ – истакна градоначалникот на Прилеп по утринската литургија посветена на денешниот православен празник, заблагодарувајќи им се на бизнис секторот и Иницијативниот Одбор на црквата “Свети Константин и Елена“ кои беа иницијатори за изградбата на овој храм.
[Best_Wordpress_Gallery id=”269″ gal_title=”LiturgijaElenaKonstantin”]
Патем, дека овој ден го славеле прилепчани, споменува и најголемиот собирач на македонски народни умотворби, Марко Цепенков, кој во своите записи забележал дека „Св Константин и Елена“ биле покровители на трговскиот еснаф во Прилеп. „Но, нивниот патрон празник тие тогаш го викале „Св Цареи“ и го славеле на 21 мај, по стариот календар“ – запишал Цепенков.