Литературно читање во OOУ “Кире Гаврилоски-Јане” за празникот на љубовта и виното: Убавиот пишан збор ги стопли срцата на сите

1

На четиринаесетти февруари литературната секција од училиштето “Кире Гаврилоски – Јане”, традиционално го одбележува, празникот на виното и љубовта Св. Валентин. И оваа година, по единаесетти пат, на овој датум учениците од сите основни училишта од градот со убава поезија и прозни текстови ги претставија нивните училишта.

2

Учениците пишуваа на тема: “Љубовта како хумана порака кон луѓето”, тема за која секогаш има што да се пишува.

3

Литературното читање се одржа во просториите на училишната библиотека, а таму задоволството да се присуствува беше заедничко. Околу еден час учесниците и нивните ментори уживаа во мелодиите на убавиот пишан збор, а тие уште еднаш покажаа дека убавиот пишан збор може да донесе убави емоции и незаборавни моменти.

4

16754091_10208416201901934_956579181_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.