Лила Филиповска утре ќе сведочи за „Peкeт“

TВ водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Peкет“.

По денешното сведочење на обвинителот Бурим Рустеми, судијката Васка Николовска-Масевска извести дека за утре е планирано во судот да бидат испрашани четворица сведоци.

Филиповска која беше со Боки 13 на пат кон Грција, шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска, Весна Костовска и Агапи Дика.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.