Лидерот на словенечката СНС: “Некој доби убави пapи зa да ја предаде Македонија и да ѝ го смени името за влез во НАТО”

Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич во интервју за српскиот Јутјуб-канал Балкан инфо се осврнува на промената на името на Македонија заради влезот во НАТО.

„Некој доби убави пари за да ја предаде својата татковина. Тоа се предавници. Тоа е така. И тоа за да го променат името. Па, Ве молам! Што добија? Ништо.

Влез во НАТО. Што им е тоа ‘влез во НАТО’? И вака, и онака, јас мислам дека тоа е крај на Македонија. Сега ќе почне малку по малку еден дел на Македонија да ѝ се приближува на Албанија, веќе и се зборуваше дека треба да се спои со Албанија одреден дел.

Грците нема да заостанат, тие ќе земат што и да земат. Бугарите размислуваат исто. Не знам, колку што слушнав, исклучително голем број Македонци зел бугарско државјанство, бидејќи Бугарите се во Европската унија, а Македонија не е. Тешко ѝ се пишува“, заклучи лидерот на Словенечката национална странка (СНС).

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.