“Лидерот на ЛДП ќе биде ангажиран за преведувач од албански во Општина Велес?”

Двојазичноста која произлезе од дилот на СДСМ и ДУИ во пракса предизвикува проблеми дури и меѓу нивните функционери. Градоначалникот на Велес бурно реагираше на говорот на министерот за образование кој на новинарско прашање поставено на Албански најпрвин одби да одговори и на Македонски, пренесува Алфа.

Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаа што всушност се случува на прес конференцијата.

Слични проблеми имаше и минатата недела. Пратеникот на ДУИ Ејуп Алими кој воедно е и координатор на пратеничката група на партијата, на прес-конференција за медиумите говореше само на Албански јазик.

Откако новинарите реагираа изјавата да биде дадена и на Македонски, во одбрана на Алими застана лидерот на ЛДП Милевски, по што неговиот колега од ДУИ ја напушти прес-салата.

Се поставува прашањето дали Милевски ќе биде ангажиран за преведувач од албански на Македонски, секаде каде ќе има потреба и да му ги појасни работите на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.