“Лидер”: Свекрвата на Нола Исмајлоска Старова, поставена за директорка – нема крај на непотизмот

Маја Старова, свекрва на одметнатата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска Старова, е поставена за В.Д. директор на основното училиште “Јан Амос Коменски”, во Карпош – дознава Економски Лидер од извори во Министерството за Образование.

Ова е втора награда за роднина на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени, по што беа протерани од нивната партија. Претходно, ќерката на пратеничката Емисија Александрова беше вработена во Фондот за иновации.

Инаку, откако премиерот Заев нареди да се повлекуваат по десетиците скандали кои излегоа во јавноста, до сега паднаа две оставки од роднини на функционери на власта. Се повлече мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и синот на Горан Мисовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.