“Лидер”: “Коки портпаролот на СДСМ купил стан во Џевахир, ама не го пpиjaвил?”

Порпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Костадин Костадинов, често милува да обвинува функционери затоа што одреден свој имот не пријавели во анкетен лист, но загрижени граѓани до Економски Лидер доставија фотографии и тврдат дека токму тој крие стан во луксузните висококатници на „Џевахир“ во Аеродром, пишува порталот.

Како што велат граѓаните, а кажаното го поткрепуваат со фотографии, Костадинов секојдневно влегува во една од зградите на „Џевахир“.

-Веќе неколку месеци по ред го гледаме како секојдневно влегува и излегува од една од зградите на Џевахир, поточна зградата насловена А. Соседите велат дека тука си купил стан. Па се прашуваме, како толку млад успеал да собере пари? – велат за Лидер загрижените граѓани.

Но, доколку го погледнеме неговиот анкетен лист приложено можеме да видиме дека тој нема пријавено никаков стан, дали и тој по примерот на неговите колеги од СДСМ решил да го затскрие имотот од ДКСК и од очите на граѓаните. Па ако толку се бори за правдата, и секојдневно од пред штабот на опозициска партија повикува на чесност и правда, тогаш нека каже на граѓаните Костадинов, на чие име е станот во кој што очигледно живее, а го нема пријавено. Како тој што вели граѓаните имаат право да знаат, да граѓаните имаат право да знаат и за имотната состојба на Костадин Костадинов, пишува Лидер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.