“Лидер” oбјавува ckaндал: Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување на факултет

Македонците ги нема во графата за изјаснување на национална припадност при упис на факултет.

До редакцијата на „Економски Лидер“ пристигна документ од Изјава за национална припадност, а на него може да се види дека Македонците воопшто не постојат како опција.

Во графата за национална припадност, од Изјавата за запишување на еден од факултетите на универзитетот „Кирил и Методиј“, застапени се сите етнички заедници освен Македонците.

Оваа Изјава е скандалозна бидејќи во неа не пишува дека се однесува само за етничките заедници кои се малцинство во Македонија, туку јасно стои дека идниот студент треба да се изјасни за својата национална припадност.

Извор: “Лидер”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.