Информациите кои се појавија во англиските медиуми сугерираат дека Фенвеј групацијата се одлучила на продажба на Ливерпул.
Имено, американскиот конзорциум кој во 2010-та година го превзема клубот наводно е разочаран со резултатите на клубот и по примерот на американската бејзбол филозофија сакаат да го продадат Ливерпул.
„Црвените“ не успеваат да се наметнат резултатски, ниту маркентиншки, па Фенвеј групацијата ја разгледува својата позиција во клубот и размислуваат за заминување, со оглед на тоа дека интересот да останат во овој тим опаѓа.
Колку овие гласини се вистинити ќе покаже времето.