Летонија го доби првиот геј-претседател

Долгогодишниот летонски министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, стана првиот отворено деклариран хомосексуалец на чело на земја-членка на Европската унија.

Ринкевичс (49), кој ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи од 2011 година, во Рига положи заклетва како претседател на државата.

Иако генерално е церемонијална функција, летонскиот претседател може да стави вето на законите и да распишува референдуми.

Во Европската унија претходно гејшефови на влади, но никогаш порано за шеф на држава не бил хомосексуалец.

Ринкевичс прво отворено и јавно кажа дека е хомосексуалец во 2014 година и оттогаш е гласен застапник на правата на ЛГБТ заедницата.

Хомосексуалните бракови не се легализирани во Летонија, иако минатата година Уставниот суд на земјата ги призна истополовите заедници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.