Тимур Дибиров, или летечкиот Русин како што го нарекуваат, синоќа го одигра последниот меч на домашен терен за Вардар.
Црвено-црните забележаа висока победа над Пик Сегет и се пред пласман на фајнал фор турнирот во Лигата на шампионите.
Дибиров на Фејсбук се заблагодари на Македонија и Македонците за целата поддршка во изминатите години.