Денес изминуваат точно 13 години од легендарното „Леле луѓе, што направивме“ на Европското првенство во Литванија кога Македонија играше полуфинале.
Во самиот финиш Владо Илиевски постигна тројка која донесе делириум помеѓу македонските навивачи и тоа против домаќинот Литванија.
„Леле луѓе, што направивме! Радувај се Македонијо“, се зборовите по мечот на Илиевски кои македонската кошарка вечно ќе ги памети.