Здрав човек не умира од корона, оној кој има добар имун одговор тешко ќе биде совладан од вирусот, вели за српски Блиц имунологот др.Борислав Каменов.
Додека трае сезоната на вирусот, експертите велат дека е многу важно да го зачуваме имунолошкиот систем. Шејковите кои може да ви помогнат во тоа, се подготвуваат лесно. Нутриционистот- дејтетичар Јована Срејиќ Ферлуга претстави рецепти за смути кои ќе ви го зајакнат имунитетот.
СМУТИ ПРОБИОТИК
Овој шејк го зајакнува имунитетот со пробиотските бактерии, витамин Ц и фитонутријенти од медот и ѓумбирот.
Потребни се: ½ шолја грејп , ½ шолја смрзнати јагоди, 100 ml овошен јогурт, 1 лажица изрендан ѓумбир, 1 лажица мед, вода по потреба, 1 доза протеин сурутка (по желба).
ЗЕЛЕНО СМУТИ
Овој шејк е извор на здрави масти, витамин Ц и силни антиоксиданси.
Потребни се: ½ шолја органско кокосово млеко, ¼ шолја индиски ореви, ½ авокадо, спанаќ, сок од половина лимон, ванила екстракт.