Лек за „бесните“ возачи: Топлес девојки во Русија го регулираа сообраќајот (ВИДЕО)

Градските власти во Нижни Новгород, Русија, смислија интересен начин како да им го привлечат вниманието на возачите и на мотоциклистите за да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење на патиштата.

received_10208970389168424

Токму на делницата во градот на која возачите вообичаено ја зголемуваат брзината на повеќе од 40 километри на час стојат две презгодни девојки без градници кои држат сообраќајни знаци со предупредување за дозволената брзина.

Експериментот се покажал успешен затоа што многу од возачите ја намалуваат брзината за да уживаат во глетката. Сега, пак, постои друг ризик – од сообраќајни несреќи. Така, на пример, во Москва беа поставени билборди со женски гради кои предизвикаа 500 несреќи затоа што возачите наместо во патот гледаа во нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.