Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето посветено на Миле Нешкоски пред Универзалната сала во Прилеп, денеска беше отворен Меѓународниот ракометен меморијален турнир, кој го носи името на прилепската ракометна икона.
Турнирот оваа година за прв пат ќе трае 4 дена, од 25-28 август. Од домашните екипи на турнирот учество ќе земат: Мулти Есенс, Пролет, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга, а гости се РК Дубочица од Србија и финската екипа Кокс – екипа која е редовен учесник во еврокуповите во изминатите години.
Осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ беше отворено со дуел меѓу екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет, кој заврши со победа на Пролет од 22:12. Во моментов се игра натпреварот помеѓу РК Скопје и Дубочица, во 18:00ч. ќе се сретнат РК Прилеп и Струга, а во вечерниот термин со почеток од 20:00ч. играат Кокс и Мулти Есенс.
Натпреварите се играат во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, a влезот е бесплатен.