Тие беа столбовите на италијанската одбрана и тандем кој ја има една од најголемите заслуги што Италија е нов шампион на Европа.
Киелини и Бонучи си легнаа заедно со шампионскиот пехар и објавија фотографии на Инстаграм.
Двајцата фудбалери на Јувентус беа одлични во одбрамбените, но и во офанзивните задачи на теренот, а Бонучи беше и стрелец на израмнувачкиот погодок за Италија во финалето против Англија.
Бонучи не промаши ниту од белата точка, а прецизен беше и во пенал рулетот против Шпанија во полифиналето.
Киелини во август ќе наполни 37 години, а Бонучи неодамна наполни 34, но и покрај тоа што според годините се наоѓаат во залезот на нивните кариери, овие двајца дефанзивци докажаа дека се далеку поспремни и поквалитетни од многу нивни помлади колеги.