Фудбалерите на Јувентус славеја над градскиот ривал Торино, како гости со дури 4:1, а утакмицата од 30 коло на Серија А ја обележа легендарниот голман на Јуве Џанлуиџи Буфон.
Славниот Буфон го собори рекордот на италијанското Калчо стар 22 години, и беше несовладан цели 974 минути, што пред него не успеа ниеден голман во домашното првенство.
Неверојатната серија на голманот на Јуве ја прекина Андреа Белоти и тоа од пенал.
Сепак, Буфон триумфално го одбележа испишувањето на новата страница во Серија А. За тоа се погрижија двојниот стрелец Алваро Мората, како и Пол Погба и Сами Кедира кои по еднаш ја затресија мрежата на Торино.
Јуве е прв на табелата со 70 освоени бодови, шест повеќе од второпласираниот Наполи, кој има меч помалку.
A.Г.