Легендарната серија повторно ќе се гледа: Прле и Тихи нема да бидат “отпишани”

Серијалот “Враќање на отпишаните” ќе биде спасен од пpoпacт.

Пред неколку дена српски Курир објави статија со наслов “Отпишаните веќе нема да ги гледаме”, а веќе од средината на февруари Прле и Тихи ќе ги гледаме во полн сјај, што за порталот потврди Славољуб Гњатовиќ од “Делта Видео”, компанијата која се грижи за каталогот “Авала филм”.

– Не бевме мотивирани само од статијата, туку тоа се случи сосема случајно и денес од Југословенската кинотека ја подигнавме копијата “Враќање на отпишаните”. Ќе ни биде потребен еден месец за да ја средиме. “Отпишаните” ќе се појават веќе во февруари во ново светло- вели Гњатовиќ.

До оштетувањето дошло поради лошото чување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.