Политичката партија Левица денеска поднесе кривична пријава за премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, за загрозување на уставниот поредок, преку сторување на кривично од кривичниот законик кој што се однесува на загрозување на уставниот поредок.
Димитар Апасиев од Левица во изјава го објасни и делото за кое тие поднесуваат кривична пријава против претседателот на Владата.
-Граѓанин кој ќе ја доведе републиката во положба на потчинетост или зависност од друга држава го сторува ова кривично дело. Во наводите на пријавата се повикуваме на официјалните изјави на премиерот и на премиерот на Грција, изјави Апасиев.
Тој кажа дека со прифаќање на ерга омнес решение и со ветувањето на премиерот дека ќе стори се што може за таа идеа да стане официјална политика на државата, ги подрива меѓународните позиции на Македонија во преговорите и ја носи државата да биде во зависност на друга држава.
-Во пријавата бараме распит на пријавениот и понатамошно процесуирање на случајот и известување. Ја оставаме можноста како дознаваме нови работи, да ја прошириме кривичната пријава, особено против шефот на дипломатијата, односно министерот за надворешни работи, кој што исто така самиот призна дека тој го подготвувал сето ова, што е квалификационен облик на делото, изјави Апасиев.