Лебчињата со ајвар и сирење, семејството Адамс, Тито и Јованка со Мерцедесот и голем број други – НАЈ МАСКИТЕ на карневалот “Прочка” во Прилеп (Фото галерија)

Во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, со гордост денес го празнуваме празникот Прочка, кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.

Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја, ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.

Прилеп е препознатлив по многу работи, многу културни настани и фестивали, а карневалот „Прочка“ со сигурност е еден од најпознатите и најголеми карневали во Република Македонија.

Прилепските Мечкари ја претставуваат најпознатата маска која што според некои документи датира од 30-тите години на минатиот век и со нејзината симболика која што означува бркање на злите духови, утринава го означивме почетокот на денешниот карневал.

Низ плоштадот “Методија Андонов-Ченто” денеска продефилираа голем број уникатни маски, а ние ги изводјуваме лебчињата со ајвар и сирење, семејството Адамс, Тито и Јованка од село Куратица, играорците и часовниците со градската Саат кула.

Забавата сега се сели во кафулињата каде музика ќе има до 3 часот по полноќ.

Нека ни е за многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.