Денешната прес конференција е со цел да ја запознаеме јавноста подетално за тоа во каква катастрофална состојба ја наследивме болницата од претходното раководство. Сакам да истакнам дека како ново раководство во иднина ќе посветиме посебно внимание на подобрување на здравствените услуги, се соедна цел, да имаме задоволни пациенти, како од Прилеп така и од околните места кои во прилепската болница ќе добиваат квалитетна услуга и нега, истакна на денешната прес-конеренција директорот на прилепската Болница Кире Јоноски.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
-Во овој момент, морам со големо жалење да истакнам дека наследуваме огромен долг. Обврските кои ги има ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, по разни основи изнесуваат речиси 193 милиони денари. Во интерес навремето ќе презентирам само дел од обврските кои како болница ги имаме со цел граѓаните да добијат слика за тоа како се работело изминатите години.
За исплата на јубилени награди и отпремнина за вработени, имаме обврски кои изнесуваат скоро 3 милиони денари, а не се платени до денденес. Паричните обврски според извршни решенија изнесуваат 18.367.811 денари, а според нотарски платни налози, изнесуваат 25.560.00 денари, илисамо по овие два основи имаме повеќе од 40 милиони денари.
Се трошело и на скапи телефони, или поточно најнови ајфони, на два електрични тротинети, односно трошено е за 73 мобилни броеви, кои не се сметководствено евидентирани, а за тоа каде се завршиле ќе треба да утврдат органите на прогон за што се известени и е пријавено од наша страна.
За 2024 година до месец август, утврдивме дека повеќе од 6 милиони денари се потрошени во готовинско плаќањедиректно од касата високи суми, на некакви фиктивни лица. Ваквата уплата е извршена на пример за косење трева, безда се изготви соодветно фолио, без да има некаков договор ида биде платен персоналниот данок. Се организирале родендени по игротеки и исто така исите се плаќале од каса.
Затекнавме и големи суми за ресторански услуги и репрезентации фактурирани од повеќе познати ресторани од Прилеп, кои се книжени на конто кујна (а ова конто сеподразбира храна за пациенти, се јаделе пици, пастрмајлии, се пиело виски, вино итн). Исто така се плаќале високи аванси на фирми за споредни услуги верувале или не една иста фирма фактурирала високи суми на фиктивни фактури за услуги како повравка на ѕидови, поправка на машини за перење, чистење на клима уреди, косење на трева, дезинфекција на подови, до едукација на медицински сестри (а ниту една медиџцинска сестра во болницата не е запозната со таа едукација) со еден збор “фирма за се“, додека тековните обврски на болницата не се подмирувале и за кои моментално се соочуваме со огромни наталожени долгови и притисок од извршни решенија. Следна забелешка што ја забележавме од еден прилепски бутик се фактурирале високи суми кои се подмирени од болницата за услуга одржување на облека.
Вршени се фиктивни транспорти на име службено патување, така што само за месец јули, извршени се повеќе од 70 вакви транспорти. Болницата исто така плаќала патувања за семинари во странство. Исто така извршено е бришење на ставка во износ од повеќеод 1.500,000 денари на име промет од ПОС Терминали.
Детектиравме и пишување на прекувремени саати последователно на повеќе исти лица и тоа селективно, за кои се исплаќале огромни износи, на таков начин со корекции за да истите не бидат видливи при пресметките за плата. Ова се само дел од огромните парични обврски кои ги има болницата за намирување по најразлични основи. Оставам граѓаните сами да проценат затоа колку недомаќински се работело и се трошело изминатите години.
Сакам да ја известам јавноста дека за сите овие работи, какои за многу останати, кои нема да ги презентирам денес заради интерес на времето, известени се надлежните институции и започната е масовна истрага од надлежните органи и дека ќе ги опфати сите оние кои се огрешиле предзаконот, за што ќе следува и одговорност.
На нас како ново раководство, вклучително и јас како в.д директор, останува, да се бориме со сите предизвици вклучително и со огромниотдолг кој го наследуваме, а секако наша најголема мотивација ќе биде да овозможиме прилепчани и жителите од околните населени места, да добијат установа во која ќе препознаваат квалитет и квалитетни здравствени услуги, рече Јоноски.